Виница беше домаќин на турнирот од второто коло во Пионерската ракометна лига во источниот регион. Се играа натпреварите во машка и женска конкуренција. Младите ракометари на „Младинец“ од Кочани по нерешениот резултат во првото коло, денес ја остварија и првата победа во еден официјален натпревар. Победата на „Младинец“ треба да претставува поттик за младите ракометари, да продолжат со работата а успесите ќе си дојдат самите по себе.
Резултати од Второто коло кај момчињата:
„Младинец“ (Кочани) – „Брегалница“ (Делчево) 16:12
„Торо Спорт“ (Виница) – „Астра Спорт“ (М. Каменица) 06:09
На табелата во водство се екипите на „Младинец“ и „Астра Спорт“ со по 3 бода, пред „Торо Спорт“ со 2 и „Брегалница“ без бодови.
Резултати од второто коло кај девојчињата:
„Кочо Рацин“ (Кратово) – „Брегалница“ (Делчево) 15:03
„Торо Спорт“ (Виница) – „Астра Спорт“ (М. Каменица) 03:13
На табелата со по 6 освоени бода се „Астра Спорт“ и „Кочо Рацин“ пред „Торо Спорт“ и „Брегалница“ без бодови.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.