НА ПОТЕГ СЕ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, СТОРИТЕЛИТЕ МОРА ДА БИДАТ ОТКРИЕНИ

август 22, 2022
1 минути

Нов чин на вандалско однесување се случил по се изгледа за време на викендот. Утринава една од страните на Спортската сала на ОУ „Никола Карев“ осамна со графити исти или речиси слични како оние кои пред неколку месеци беа цртани на „Споменикот на слободата“. Преголемата демократија почна да оди по друг колосек.

Одговорните во ОУ „Никола Карев“ го пријавиле случајот до надлежните служби и сега на потег е полицијата бидејќи објектот е покриен со видео надзор и доколку се има желба сторителите лесно ќе бидат откриени.

Се додека не се реши овој случај и не бидат казнети и обелоденети имињата на сторителите без разлика на нивната возраст се вакви појави ќе имаме.

Малку е чудна за храброста на овој вандалски чин, бидејќи спортската сала е само на триесеттина метри од Полициска станица – Кочани  а никој ниту ги слушнал, ниту ги видел.

Ќе се стави ли еднаш засекогаш ред на овие вандали?

С. Ивановски