Во неделата навечер во Кочани се случија две сообраќајни несреќи кои за среќа поминаа само со материјална штета кај возилата.

Првата се случила на улицата „Бел Камен“ кога патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со бугарски регистарски таблички управувано од 53 годишен кочанчанец од засега непознати причини удрил во паркирано моторно возило марка Фолксваген „Пасат“.

По ударот Мерцедесот продолжил да се движи и завршил во еден од дворовите на улицата. Лицето поминало со телесни повреди кои биле утврдени во Општа Болница – Кочани по што е пуштен на домашно лекување.

Втората сообраќајка се случила на улицата „Тодосија Паунов“ во близина на кружниот тек, кога на патничко моторно возило „Југо“ додека се движело му испаднало левото предно тркало, За среќа возачот кој прописно се движел по коловозот поминал без повреди.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари