Како дел од проектот „Асфалтирање на 10 улици во Општина Кочани“ денес започна асфалтирањето на левиот крак од улицата „Орце Николов“.

На местото на настанот беше и Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски кој изрази задоволство од временските услови кои допринесуваат да се заврши асфалтирањето на оваа како и на останатите улици.

Проектот „Асфалтирање на 10 улици во Општина Кочани“ се реализира со средства во вид на заем од Светска Банка.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари