Во организација на Боречкиот Клуб „7-ми Мај“ од Прилеп изминатиот викенд „градот херој“ беше домаќин на Меѓународен турнир во борење за кадети и младинци. На турнирот се појавија повеќе од 60 борачи од клубовите во Македонија, како и од Република Србија, Косово и Австрија. Единствен претставник на БК „Спартка“ од Кочани беше Столе Ефтимов кој настапи во категоријата до 63 килограми – кадети и го освои второто место. Ефтимов до сребрениот медал стигна со две победи а во самото финале иако имаше водство од 8:3 на крајот со туш загуби од претставникот на Република Србија. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари