Жрепката од Фудбалскиот Куп на Македонија за жени сакаше во 1/4 финалето да се сретнат годинава најголемите претенденти за неговото освојување „Кочани“ и „Драгон 2014“.

Досегашниот биланс на овие две екипи е во полза на скопјанки кои трипати го имаат победено својот противник (сите во првенството) но доживеаја и еден пораз во финалето минатата година во ова натпреварување.

И двете екипи со доза на оптимизам го пречекуваат натпреварот кој ќе се одигра во Среда на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 16:00 часот.

Девојчињата на „Кочани“ во мирна атмосфера го чекаат почетокот на натпреварот. Свесни за своите можности но и шансата што им се укажа да стигнат и годинава до финалето и по трет пат да го освојат пехарот.

„Ќе играме своја игра. Го цениме противникот но не се плашиме од него. Се надеваме дека овој пат ќе имаме фер судење и убедени сме дека конечно ќе ги наплатиме сите долгови што ги има екипата на „Драгон 2014“ кон нас. Очекуваме поддршка од публиката и веруваме дека ќе победиме“, се во главно размислувањата на девојчињата на тренерот Оливер Јовановски.

Натпреварот ќе го суди Фатон Мустафи од Тетово а ќе му помагаат Небојша Ѓорѓијевски и Насуф Латифи и двајцата од Брвеница.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари