На натпреварот „Кочани“ – „Драгон 2014“ што се одигра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани во рамките на Фудбалскиот Куп на Македонија за жени а кој беше воедно прогласен и за финале пред финалето присуствуваше и новоименуваниот Селектор на сениорската репрезентација на Македонија во женска конкуренција Кирил Изов.

Изов дојде да го види поголемиот потенцијал на репрезентативки кој несомнено е концентриран во двете екипи.

Што виде Изов во Кочани и што забележа во неговиот тефтер не можеме да претполагаме, но факт е дека како што играа двете екипи во неговиот тефтер можеби и немаше ништо запишано.

И домаќинките и гостинските одиграа крајно слаб натпревар. Ако се каже дека во екипата на „Кочани“ само добро одиграа младата Јана Чубриноска, Катарина Петровиќ (Србија) и до некаде Кате Милеска, а кај гостинките Стефана Битевиќ (Србија), Афродита Салихи, Станкица Атанасова и до некаде Накшие Кривањева, тогаш и не може да се каже дека тефтерот на Изов беше полн со податоци.

DSCN7140

На ред е настапот на репрезентацијата на Македонија против Словенија, кои од овие играчи што беа на теренот во Кочани ќе одбере Изов само тој си знае, но факт е дека женскиот фудбал колку и да се игра во Македонија, е на стаклени нозе.

Смената на генерациите е на прагот. Поголемиот број од сегашните репрезентативки се при крајот на кариерата, а освен неколку млади играчи друг потенцијал како и да нема.

Па каква ќе биде судбината на женскиот фудбал во Македонија ако не повеќе барем за година дена ќе се знае со сигурност.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари