Во Недела со почеток во 16:00 часот на програмата се натпреварите од 15-тото коло во Третата Фудбалска Лига – исток.

Најинтересниот натпревар ќе се одигра во Виница каде домаќинот „Слога 1934“ го пречекува „Осогово“.

И двете екипи ја посакуваат победата. Домаќините кои се борат за опстанок во лигата трите бода им се приоритет како и на „жетварите“ кои со врзани премии ќе заработат во овој циклус.

Некогаш натпреварите помеѓу овие две екипи беше празник на фудбалот. На стадионите се собираа и по неколку илјада гледачи а за натпреварот се зборуваше преку целата седмица. Но годинава се е поразлично. Очигледно е дека лошите игри и резултатите на комшиските екипи ги оддалечија љубителите на фиудбалот. Каква ќе биде посетеноста во Недела ќе се знае веќе кога натпреварот ќе започне, но дотогаш само оние вистинските навивачи ќе си зборуваат кришум.

Но во неделата на програмата се и други натпревари од ова коло:

„Каменица Саса“ – „Работник“

„Академија Пандев“ – „Брегалница Голак“

„Беласица“ – „Напредок Здравје“

„Баби“ – „Овче Поле“

„Плачковица“ – „Карбинци“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари