Во организација на Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија“ – Кочани со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија вечерва во исполнетата сала до последното место во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ја одржа „Четвртата вечер на Македонскиот афоризам – Кочани 2016“.

Манифестацијата се одржа по повод 1-ви Април „Денот на шегата“ па затоа и самата манифестација беше исполнета со таква содржина која кај публика предизвика смеа до солзи.

Деветте афоризматичари од целата држава читаа афоризми со кои ја разгалија публиката.

DSCN7350

Инаку манифестацијата за отворен ја прогласи Јане Атанасов – Претседател на ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“ – Кочани а присутните низ програмата ги водеше Славица Цветкова.

DSCN7364

Освен афоризми за публиката беше обезбедена и културно забавна програма за која се погрижија членовите на Фолклорниот ансамбл „Мугри“ кој работи во склопот на НУ Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари