Во рамките на 15-тото коло од Третата Фудбалска Лига – исток денес на „Градскиот стадион“ во Виница се одигра локалното дерби „Слога 1934“ – „Осогово“. Натпреварот беше дерби само на хартија а играта што ја прикажаа двете екипи само ги оддалечуваат и оние најверните гледачи кои денес околу петстотини по сончево време се најдоа на трибините.

Натпреварот беше решен во 30’ кога домаќините го постигнаа единствениот гол што за нив во борбата за опстанок е како „суво злато“. Во минутата што го реши натпреварот топката беше во посед на гостинскиот играч Паунов, кој на 25 метри од својот гол сакаше да си поигра со некогашниот негов соиграч Андреј Коцевски, кој му ја украде топката и кога виде дека Лазаров е далеку од својот гол ниско по земја ја упати во небранетата мрежа.

2

По примениот погодок „жетварите“ се обидуваа да го изедначат резултатот но иако создадоа 2-3 шанси немаше играч кој ќе ги реализира. Во 38’ по една нафрлена топка од слободен удар Цветанов биеше но домашниот голман Митровски успеа да ја одбие топката и да ја сочува својата мрежа. Во 41“ кочанчани изведоа корнер од левата страна но на 2-3 метри од домашниот гол Паунов и Здравков не се снајдоа и шансата пропадна. Две минути подоцна „жолто-сините“ изведоа слободен удар од десната страна, топката ги прелета сите и падна на неколку метри од домашниот голман но Здравков наместо да ја пласира во мрежата, подзастана што беше доволно домашната одбрана да ја расчисти опасноста.

Во вторите 45 минути ништо од фудбал. Играчите повеќе се превиткуваа на теренот одошто играа фудбал. Со еден таков пристап на играта немаше речиси ниту едно поголемо возбудување пред двата голмани.

3

Кога се ќе се собере потполно заслужена победа на домаќините по која на „Осогово“ му се приближија на само три бода на табелата.

Резултати од 15-тото коло:

„Слога 1934“ – „Осогово“  1:0

„Каменица Саса“ – „Работник“  2:1

„Академија Пандев“ – „Брегалница Голак“  4:0

„Беласица“ – „Напредок Здравје“  1:3

„Баби“ – „Овче Поле“  2:0

„Плачковица“ – „Карбинци“  8:0

На табелата води „Академија Пандев“ со 41 бод, пред „Плачковица“ со 39, „Беласица“ 29, „Овче Поле“ 26, „Брегалница Голак“ и „Работник“ по 22, Напредок Здравје“ 21, „Осогово“ 16, „Баби“ и „Слога 1934“ 13, „Каменица Саса“ 7 и „Карбинци“ 3.

Во 16-тото коло кое на програмата е следната недела „Осогово“ ја пречекува „Плачковица“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари