Во рамките на ПХВ (Промоција на хумани вредности) програмата, вечерва во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани се одржа хуманитарен концерт „Фолклорен музички микс“.

Средствата што се собраа од концертот ќе бидат наменети за едно тричлено семејство од Кочани, самохран татко со две деца.

Концертот на кој што настапија Фолклорните ансамбли „Кочани“ и „Љупчо Сантов“ од Оризари како и млади локални пејачи го организираше Општинската организација на „Црвен Крст“ – Кочани.

Застапениот фолклор на самиот концерт ја воодушеви публиката која салата во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ја исполни до последното место.

С. Ивановски

 

8

2

3

4

5

6

7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари