Пингпонгарите на „Кочани“ одиграа добар натпревар со аспирантот за највисок пласман „Мултитекс“, но сепак останаа без бодовите во 10-тото коло во Првата Пингпонгарска Лига.

Решавачки беше последниот дуел исто како и есеноска по кој кочанчани останаа со празни раце. Сепак, и покрај поразот останаа на високото 4-то место на табелата.

Комплетни резултати од 10-тото коло:

„Кочани“ – „Мултитекс“  4:5

„Куманово“ – „Пошта 2“  2:5

„Младост ’96“ – „Студент“  5:3

„Дебар Маало“ – „Ѓорче Петров“ (натпреварот не се одигра)

По 10 одиграни кола на табелата води „Ѓорче Петров“ со 18 бода (-1 натпревар) пред „Младост ’96“ и „Мултитекс“ со по 16, „Кочани“ 10, „Студент“ 8, „Пошта 2“ 6, Куманово“ и “Дебар Маало“ (-1 натпревар) со по 2 бода.

Во следното 11-то коло „Кочани“ и гостува на „Пошта 2“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари