По се изгледа дека лошо стекнатите навики тешко се искоренуваат. Кога на 24.12. 2012 година беа избркани сите новинари од салата на Собранието на Република Македонија и никој не заработи казна за издадената наредба за исфрлање, многумина како да се осоколија и продолжија по истиот принцип на работа.

Денес попладне на Вонредна седница на Советот на Општина Берово на дрзок начин бил избркан а со тоа му била понижена и новинарската професија на сопственикот на порталот „Малешевски весник“ Јане Мамучевски.

Причината како што наведува Мамучевски е само затоа што ги критикувал надлежните дека Берово наместо туристички град поради неисчистените купишта на смет наликува на една дива депонија.

По повод отстранувањето на Мамучевски од Вонредната седница на Советот на Општина Берово тој на својот ФБ профил го објави:

Денеска се случи невидена дискриминација од страна на градоначалникот на Берово Драги Наџински кон новинарот Јане Мамучевски. Срамно. По покана на Претседателот на советот на општина Берово да присуствувам на вонредната седница која како единствена точка беше состојбата на комуналното претпријатие ЈКПР „Услуга“ кои веќе 3-ти ден штрајкуваат , и како што е познато Берово наликува на дива депонија наместо на туристичко место. Јас добив офицјална покана и отидов и на самииот влез советниците беа и од двете политички партии. Јас одам да влезам во собранието и обезбедувањето ме запира, ми бара дали имам акредитација, му велам за да присутуваш на совет може секој граѓанин и самите совети се јавни, но еве ќе ти дадам акредитација. Во тој момент претседателот на советот на тој вработен му рече дека може да присутвувам, но вработениот не сакаше да му пушти и по мобилен го побара градоначалникот Драги Наџински а тој нервозно кажа дека ЗА МЕНЕ ОВАА ИНСТИТУЦИЈА Е ЗАБРАНЕТА, што представува еден вид дискриминација, односно попречување на слободата на информирање. Фасциниран сум од злобата и арогатноста на градоначалникот кон лице кое само ги извршува професионалните новинарски стандарди. Јас Јане Мамучевски сега ги информирам сите новинарски здруженија, невладини организациии, сите локални и регионални медиуми бидејќи оваа е преседан. Вака ли ќе се бориме за реуглација на медиумите?

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари