Кога градоначалник кој го тера вториот мандат ќе предложи решение во кое се повикува на некакво кршење на законски одредби, а притоа не наведува прецизно за кој закон станува збор, наведува на заклучок дека прави обид нешто да се скрие зад изговорот за законски прекршувања.

Тоа што како причини за неспроведување на ревизијата се наведуваат трошоци од 1.500.000,00 денари и што во Буџетот не биле планирани толку пари за таква намена исто така е само невешто оправдување, бидејќи граѓаните знаат дека се потрошија пари за по неважни работи, како што е купувањето службени автомобили, на пример.

Тврдите дека во образовните институции не се креирал личен интерес, туку интересот на учениците и граѓаните, а тоа го констатирале овластените ревизори во Општината и во Државната ревизија.

Кога е вршена таква ревизија, какви се нивните заклучоци и зошто не им се презентирани на граѓаните и пред Советот? Колку добро работат институциите под ваша надлежност зборува фактот што три училишта прикажале загуби од над 700.000 евра.

За каков интерес на граѓаните зборувате тогаш?

И на крај, без разлика дали ќе дозволите да се направи ревизија или не, факт е дека ќе остане запаметено дека во периодот додека Вие сте градоначалник, ја задолживте Општина Кочани со сума од неколку милиони евра, со што ја доведовте пред банкрот.

Веројатно за тоа не ви е гајле, оти некој друг после вас ќе треба да ги враќа тие пари, а сето тоа, се разбира, повторно од џебот на граѓаните.

Кочани, 05.04.2016 година

ОО на СДСМ Кочани

Претседател м-р Сашко Костов

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари