Од утре (Среда), во периодот од 11:00 до 13:00 часот започнува проектот на Полициска Станица – Кочани преку кој ќе се едуцираат минувачите на улиците. Речиси сите крстосници и другите пофреквентни места  на коловозите низ градот ќе бидат  под будна присмотра на вработените  од Полициската Станица –Кочани. Присуството ќе биде како дел од проектот, кој има за цел да ги едуцира минувачите на улиците, како и каде треба да го остварат своето право на премин без при  тоа да го загрозуваат сообраќајот.

2

На минувачите ќе им се делат флаери во кои јасно ќе биде напишано што е целта на овој Проект поддржан од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Комплетната акцијата е за поздравување бидејќи ако досега се правеа напори и проекти како да се однесуваат возачите во сообраќајот, сега тоа ќе треба да го прават и минувачите, а целта ќе биде заедничка и корисна, што помалку несакани сообраќајни прекршоци.

Акцијата ќе трае во наредните десетина дена во истите термини

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари