Средношколците од „Љупчо Сантов“ од Кочани се победници на Регионалните натпревари во кошарка и како победници ќе учествуваат на финалниот дел, на „Гимназијада“ која ќе се одржи во Куманово.

Инаку Регионалните натпревари се одржаа во Свети Николе на кој учествуваа четири средни училишта од регионот.

Во полуфиналните натпревари се постигнати следните резултати:

„ЉУпчо Сантов“ (Кочани) – „Ѓорче Петров“ (Крива Паланка)  62:47

„Јовче Тасличков (Велес) – „Јане Сандански“ (Струмица)  54:50

Во Финалето „Љупчо Сантов“ го совлада „Јовче Тасличков“  55:40.

На „Гимназијадата“ што ќе се одржи во Куманово освен средношколците од „Љупчо Сантов“ ќе учествуваат и учениците од две средни училишта од Скопје и по едно од Куманово, Кавадарци и Струга.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари