Убави вести за љубителите на Каратето стигнаа денес откако осум натпреварувачи на Карате Клубот „Партизан“ од Кочани обезбедија учество за „Балканското првенство“ за деца на возраст од 11 до 14 години, кое ќе се одржи во Република Србија.

Овој убав успех беше остварен на „Државното изборно првенство“ кое беше последниот филтер за состав на Репрезентацијата на Македонија. На првенството се појавија 304 натпреварувачи од 47 карате клубови.

Карате Клубот „Партизан“ од Кочани на првенството учествуваше со 12 натпреварувачи сите во категоријата борби, од кои осум освоија медали (2 златни, 3 сребрени и 3 бронзени).

Мартина Шахинова (2003) до 47 килограми и Ѓорги Петров (2005) до 50 килограми освоија златни медали.

Сребрените им припаднаа на Роберто Здравковски (2003) до 45 килограми, Кристијан Грозданов (2004) до 35 килограми и Ангел Митев (2003) до 50 килограми.

Ива Таушанова (2003) +47 килограми, Давид Пецов (2004) до 50 килограми и Благоја Тасески (2005) до 30 килограми се носителите на бронзените медали.

Ова е еден мошне добар резултат што ќе треба да биде потстрек за овие млади спортисти кои доколку продолжат да работат во истото темпо нема да биде далеку и денот кога од поголемите првенства ќе се вратат со медали.

Браво за каратистите на „Партизан“ кои се гордоста на Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари