Се одиграа натпреварите од 11-тото коло во Првата пингпонгарска лига. Пингпонгарите на „Кочани“ на гостински терен ја извојуваа и шестата победа во првенството, а додека лидерот „Ѓорче Петров“ го доживеа првиот пораз, па по победите на „Мултитекс“ и „Младост’96“ стана неизвесност кои екипи ќе завршат на првите две позиции.

Комплетни резултати од 11-тото коло:

„Пошта 2“ – „Кочани“  1:5

„Мултитекс“ – „Ѓорче Петров“  5:3

„Студент“ – „Куманово“  5:0

„Младост’96“ – „Дебар Маало“  5:2

На табелата води „Ѓорче Петров“ со 20 бода, пред „Младост’96“ и „Мултитекс“ 18, „Кочани“ 12, „Студент“ 10, „Пошта 2“ 6, „Куманово“ и „Дебар Маало“ по 2 бода.

Во следното 12-то коло „Кочани“ ќе му биде домаќин на „Студент“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари