Во организација на канцеларијата на делегацијата на ЕУ во република Македонија а во соработка со Локалната самоуправа – Кочани, денес во салата на Советот на Општина Кочани се одржа инфо-сесијата за ИПА-повикот од 2015 година за финансирање проекти од областа на граѓанското општество, поддршка на НВО и медиумскиот сектор.

Повикот, односно новата програмска ИПА е со портфолио од 5.000.000 евра и се однесува на три приоритети.

Првиот е во висина од 1.500.000 евра и се однесува на интервенции што граѓанските организации би можеле да ги направат во полето на хоризонталните мерки, односно се што би било околу овозможувачката средина на граѓанските организации, правна, финансиска и т.н.

Вториот приоритет е мониторинг на јавната администрација, каде граѓанските организации би можеле да направат проекти во однос на работата на јавната администрација.

Третиот приоритет се основните, темелни права, каде вниманието е насочено кон децата и нивните права, како и правата на LGBT заедницата, ромската заедница и другите маргинализирани групи.

22

За добивање финансиска помош преку ИПА-2 повикот можат да аплицираат сите граѓански здруженија, но и други невладини институции, како синдикални асоцијации и здруженија во кои членуваат лица кои професионално се занимаваат со определено занимање, како што се на пример новинарите.

Рокот за аплицирање започнува на 26-ти Април, а заинтересираните можат да аплицираат во рокот од 12 до 36 месеци.

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари