Вечерва (Вторник) со почеток во 20:00 часот во „Либеро Кафе“ еден од најдобрите бармени во Република Македонија и двократен Државен првак Методи Перунковски ќе има презентација на нови коктели.

Перунковски кој веќе 10 години работи во „Фламинго“ – Гевгелија важи за бармен чии иновативни коктели го свртуваат секогаш вниманието на посетителите. Досега има учествувано на сите Државни и приватни натпреварувања а на двапати како Државен првак во изработка на коктели ја претставуваше нашата држава и на две Светски Првенства. И на неговото прво учество 2011 во Варшава (Полска) и на второто 2015 во Софија (Бугарија) го има освоено третото место што е најголем успех на некој македонски бармен.

DSCN7751

Вечерва во „Либеро Кафе“ во Кочани Перунковски ќе им ги понуди на посетителите коктелите „Селфи“ со кој победи на Државното првенство во 2015 година, „Enjoing in sunset“ со кој го освои бронзениот медал на Светското Првенство во Софија (Бугарија) како и неколку други за кој тој самиот е автор.

Неговата посета на Кочани истовремено ќе ја искористи и да направи едукација на бармените вработени во ексклузивното „Либеро Кафе“.

Ваков настан не се пропушта и претставува ретка можност за гостите во „Либеро Кафе“ да дојдат и во една релаксирана атмосфера да поминат убави мигови.

С. Ивановски

DSCN7749

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари