ОБЕЛЕЖЕТЕ ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗА ДА УЧЕНИЦИТЕ И МИНУВАЧИТЕ БИДАТ БЕЗБЕДНИ

септември 1, 2022
0 минути

Чудно, ама вистинито, импровизираниот кружен тек до мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ нема обележано ниту еден пешачки премин.

Ако се знае дека овој потег од градот е доста фреквентен а во негова близина се наоѓаат средно и основно училиште тогаш навистина чудно е што одговорните во општината не нашле досега време да обележат каде ќе минуваат пешаците.

Вака како што стојат работите некој си игра со оган.

С. Ивановски