Во Недела со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 17-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ и гостува на екипата на „Баби“ во Штип со надеж дека бодовите кои им ги одзеде судијата Џонов во Кочани на натпреварот против „Плачковица“ ќе ги надоместат токму во Штип.

„Очекуваме фер игра и реално судење исто какво што го имаат сите екипи кога гостуваат во Кочани. Минатата недела поради судиска неправда останавме пократки за два бода кои и те како ни беа потребни за приклучок кон средниот дел на табелата. Токму недостатокот на тие бодови е додатна инспирација за моите играчи кои со отворена игра ќе се обидат да остварат победа против екипата на „Баби“ во Штип“ видно оптимистички расположен по последниот тренинг на „жетварите“ беше тренерот Зоранчо Филипов.

Дека оптимизмот кај „жолто-сините“ е присутен се гледаше на петочниот тренинг, но и тренерот е во право кога вели дека не секогаш квалитетот доаѓа до израз. Како ќе биде во недела во Штип ќе дознаеме веќе во 18:00 часот но факт е дека се зависи од тоа кои судии ќе бидат делегирани од страна на Комесарот за делегирање судии и како истите ќе се однесуваат за време на натпреварот.

Двојки од 17-тото коло:

„Баби“ – „Осогово“

„Плачковица“ – „Слога 1934“

„Каменица Саса“ – „Карбинци“

„Напредок Здравје“ – „Брегалница Голак“

„Академија Пандев“ – „Работник“

„Беласица“ – „Овче Поле“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари