Со турнир во футсал и доделување на Благодарници денес во салата на ОУ „Никола Карев“ во Кочани и официјално се спушти завесата на проектот „Превенција од никотиноманија“.

3

Како што истакна Ангелчо Стојановски – Началник на отсекот за превенција при СВР Штип инаку Координатор на проектот во изминатиот период се посетени повеќе основни и средни училишта на подрачјето што го покрива Полициска станица – ОН Кочани, каде е вршена едукација на учениците од V и IX одделение како и на учениците со 17 годишна возраст од кои поголемиот процент, некаде околу 75% се против пушењето.

4

Како што оцени Стојановски проектот доста успешно заврши а добиените резултати од едукацијата ќе послужат за понатамошна анализа.

Инаку самиот турнир во футсал беше мошне добро организиран а во секоја екипа составена од ученици учествуваа и по еден вработен од полицијата и по една девојка.

На крајот на учесниците во спроведувањето на проектот им беа доделени Благодарници.

С. Ивановски

2

5

6

7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари