Се одиграа натпреварите од 15-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени во кое ЖФК „Кочани“ уште еднаш киксираше. Кочанчанки одиграа 3:3 на гостувањето во Струмица против домаќинот „Тиверија“, но по завршувањето на натпреварот и двете екипи жалеа за испуштената победа.

Домаќинките добро го отворија резултатот откако во 6’ поведоа преку Котева за да во 27’ веќе беше 2:0 а погодокот го постигна Граматикова. Некогашниот шампион од Кочани во игра се врати во 42’ со голот на Милеска која на почетокот на второто полувреме, односно во 50’ со уште еден погодок во мрежата на домаќинките најави неизвесна завршница. Потполн резултатски пресврт беше најавен во 76’ кога „жетварките“ со голот на Верица Ѓеорѓиева дојдоа до водство. Сепак се чини дека правдата беше задоволена на две минути пред истекот на регуларните деведесет минути кога Танева успеа да израмни на 3:3.

Поради два жолти картони во 88’ од натпреварот беше исклучен гостинскиот играч Анета Ѓорѓиева.

Резултати од 15-тото коло:

„Тиверија“ – „Кочани“  3:3

„Драгон 2014“ – „Речица“  8:1

„Конзули“ – „Топ Гол“  0:0

„Истатов 2015“ – „Борец“  2:1

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари