По поразот во денешното 17-то коло од екипата на „Баби“, „Осогово“ се најде во зоната каде до последното коло ќе се бори за зачувување на третолигашкиот статус. Според информациите до кои што дојдовме денес „бабите“ биле за само еден гол подобри од „дедовците“ што беше доволно да ги поминат на табелата.

На другите натпревари фаворитите беа убедливи и редоследот на врвот на табелата остана непроменет.

Карактеристично за ова коло е што сите домаќини извојуваа победи.

Комплетни резултати од 17-тото коло:

„Баби“ – „Осогово“  1:0

„Плачковица“ – „Слога 1934“  2:1

„Каменица Саса“ – „Карбинци“  8:0

„Напредок Здравје“ – „Брегалница Голак“  1:0

„Академија Пандев“ – „Работник“  8:0

„Беласица“ – „Овче Поле“  2:1

На табелата води „Академија Пандев“ со 47 бода, пред „Плачковица“ 43, „Беласица“ 32, „Брегалница Голак“ и „Работник“ по 25, „Напредок Здравје“ 24, „Баби“ 19, „Осогово“ 17, „Слога 1934“ и „Каменица Саса“ 13, „Карбинци“ 3.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари