Под мотото „Спортуваме, се забавуваме“ во саботата во „Спортската сала“ во Кочани дечињата од пет и шест годишна возраст од сите четири клона на Детската градинка „Павлина Велјанова“ ја одржаа својата „Трета олимпијада“.

Исто како и минатите година се натпреваруваа во четири дисциплини: полигон, играње топка со помагало (наместо скокањето со вреќа), штафетно трчање и влечењето на јаже.

Сите сакаа да бидат победници, а како додатен мотив за нив претставуваа исполнетите трибини од нивните „навивачи“: родители, роднини, пријатели и комшии.

Но, на крајот сите беа победници, за што како награда за нивниот труд  им беа доделени медали.

Организатор на оваа прекрасна забава беше Општинскиот Спортски Актив со Координаторот Колев Николче, а покровител на целата забава беше Општина Кочани.

С. Ивановски

2

3

5

10

19

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари