Дефинитивно, факт е дека петте трети фудбалски лиги во Македонија постојат формално, односно за личен профит на службените лица и за лекување на комплексите од пониска вредност, и за ништо друго. Најдобар пример е лигата која ние ја следиме со години.

Последните настани што се случуваат во финишот на првенството уште еднаш ја покажаа неспособноста на луѓето на кои им е доверено судењето односно „Комисијата за делегирање на судии и други службени лица“. Дека е така може да се види од записниците што едни те исти судии судат, едни те исти делегати и контролори ги следат натпреварите и го контролираат судењето, а со се една единствена цел да се не се остават преку викендот без хонорар.

Уште на почетокот на фудбалската сезона 2015/2016 беше видливо дека нема се да биде онака како што треба да биде, а тоа е фудбалот да биде пред се, и пред судиите, и пред делегатите и пред контролорите.

Првенството започна со мала наклоност кон екипата на „Плачковица“ за што и сведочат неколкуте чудни резултати во нивна корист, но за да не се одлепи „Плачковица“ на табелата а да фудбалските моќници и понатака бидат тие околу кои ќе се врти фудбалот се покажа во последното есенско коло во Струмица кога на „Плачковица“ по признатиот гол од офсајд за „Академија Пандев“ на радовишани им беа скусени два бода. Но математиката на челниците во лигата не излезе по нивно туку малку поинаку.

По враќањето на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев во репрезентацијата на Македонија и работите во Третата Фудбалска Лига – Исток од корен се променија. Оние кои до вчера беа на страната на „Плачковица“ сега се ставија на страната на „Академија Пандев“ иако на струмичката екипа не и е тоа потребно бидејќи несомнено има најдобар состав кој сигурно е дека ќе стигне до шампионската титула. Но тие си имаат друга математика, сакаат да покажат дека тие се кои треба за се да се прашуваат.

Ако сликата со квалитетот на „Академија Пандев“ е јасна за сите не е таква и состојбата со клубовите од долниот дел на табелата, односно од екипите кои се борат за опстанок во лигата: „Осогово“, „Слога 1934“, „Каменица Саса“. Која екипа ќе му прави друштво на веќе отпишаното „Карбинци“ ќе се знае за месец дена. Целта е јасна да се намали бројот на екипите кои членуваат во ОФС Кочани се со цел да не се промени седиштето на регионот иако според Статутот тоа треба да ротира на секои две години.

Најдобар пример дека зад сета оваа неизвесност стојат вечните мешетари е примерот од натпреварот „Осогово“ – „Плаковица 0:0, одигран во Кочани во рамките на 16-тото коло.

Тогаш првиот помошен судија Кристијан Џонов во 82’ им поништи чист гол на домаќините, што јасно се гледа и од снимката. И наместо за ова да биде казнет, синот на Претседателот на УО во Третата Фудбалска Лига – Исток беше делегиран на натпревар веќе во 17-тото коло „Плачковица“ – „Слога 1934“.

Иронијата да биде поголема Контролорот од средба „Осогово“-„Плачковица“ Љупчо Трајковски од Струмица на Џонов му дал оцена 8,5 исто како и на мошне добриот втор помошник Виктор Пилешков, а на главниот судија Стојанче Стојанов кој голот го поништи на асистенција на првиот помошник, оцена 8,4 (податоците се лично добиени од Контролорот).

P3940038

Без овие два бода „Осогово“ влезе во зоната за испаѓање, и кој сега и како ќе ја исправи оваа голема грешка со која и на играчите им беа скратени премиите а и клубот се доведе во непријатна положба ќе треба да кажат оние кои на „мала врата“ „произведуваат“ судии.

Ако навистина го сакате фудбалот, дајте побргу нека заврши ова првенство а со тоа и вашите лудории, на мешетарите, бидејќи вака не оди повеќе. Кој знае можеби еден дена ќе се сменат работите, но дали луѓето кои го заплеткаа и ова и претходните првенства некогаш ќе се срамат од нивниот начин на работење? Но, дали тие разбираат пшто значи зборот СРАМ?

С.Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари