Bobby Mill со голема работа стана име кое е доста познато не само на овие простори туку и пошироко. Својот неколкугодишен престој во Лондон го искористи да започне посериозно да се занимава со неговата најголема љубов, музиката. Годинава летниот одмор го искористи да дојде дома, во Кочани но времето не го губеше залудно, напротив веднаш се упати во Музичкото студио на Јордан Манов и ја сними песната How Deep Is Your Love која преработка на Calvin Harris. „Инспирација ми беше сето она што ме опкружува во животот, подигнувањето во височините и враќањето надолу, но сепак најголемата инспирација ми беше од фамилијата“ кратко ја прокоментира Bobby Mill најновата своја песна. Погледнете го клипот и уживајте. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари