Во месец април се реализираа регионалните натпревари по повеќе предмети на кои ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ покажа високи резултати освојувајќи први награди и  стекнување на  право за учество на државни натпревари.

ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ беше домаќин на регионалниот натпревар по математика каде во категоријата на ученици од  4 одделение најдобар во регионот беше нашиот ученик Драган Хаџивасилев под менторство на наставничката Љубица Теодосиева. Кај петто одделенците најдобар беше ученикот  Матеј Беличев под менторство на наставникот Ванчо Петрушевски, кај шесто одделенците првата награда ја освои Данче Ајтовска под менторство на наставничката Мима Божинова.

Во останатите категории  учениците со право за учество на државен натпревар се пласираа Сара Манасиева од осмо одделение и Бојана Коцева од 9 одделение под менторство на наставникот Петар Симов.

На регионалниот  натпревар по физика нашите ученички  Бојана Коцева и Мима Војновска под менторство на наставничката Розета Диванисова се стекнаа со право на учество на државниот натпревар по физика.

Исто така со можност за учество на државен натпревар по природни науки и биологија се стекнаа учениците Андреј Давитков и Марија Донева под менторство на наставниците Павлина Велинова и Наде Ѕмбова Донева.

На натпреварот по спелување организиран од Мировниот Корпус учествуваа 43 ученика од кои во категоријата од шесто одделение за учество на државен натпревар се пласираа Марија Јосифова и Христијан Атанасов под менторство на наставничката Катерина Симеонова како и Мартин Коцев под менторство на наставничката Фросина Јованова Стојанова.

Во категоријата на ученици од осмо и деветто одделение за државен натпревар се пласираа Ана Филипова и Милена Глигорова под  менторство на наставничката Катерина Симеонова.

На регионалниот натпревар по географија со право на учество на републички натпревар се пласираше ученикот Матеј Давчев од 9 одделение под менторство на наставничката Розета Николова.

На регионалните хорски смотри училишниот хор и оркестар ја освоија првата награда и по многу години се стекна  хорот со можност за учество на државен натпревар за резултатите изјава ќе даде диригентот Жаклина Јорданова Стојчевска.

На крај на  Државниот натпревар млади иноватори  прва награда освои  ученикот Давид Јакимов под менторство на наставничката Сузана Анева.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари