Втор ден на протести организираше Здружението на Граѓани „Протестирам“ во Кочани.

За разлика од вчера, денешниот протест помина со многу помалку граѓани кои како и во вчерашниот ден се движеа по улиците на Кочани.

И денес почетокот беше од „Паркот на Револуцијата“ за да по улицата „Маршал Тито“ колоната пристигне пред Локалната Самоуправа.

Со слоганите: „Нема правда, нема мир“, „Оди си“ и „Оставка“ членови на ова здружение пред присутните читаа поезија од Ацо Шопов и Коста Солев Рацин а упатија и низа критики кон начинот на кој работи Градоначалникот на Општина Кочани.

Протестот помина без ниту еден инцидент.

С. Ивановски

DSCN8269

DSCN8316

DSCN8331

DSCN8367

DSCN8411

DSCN8323

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари