Натпреварот од 18-тото коло од Третата Фудбалска Лига – Исток „Осогово“ – „Каменица Саса“ поради прволигашкиот натпревар во Недела во истиот термин е закажан за утре (Сабота) со почеток во 16:00 часот.

На другите натпревари во Третата Лига – Исток се среќаваат:

„Слога 1934“ – „Баби“

„Брегалница Голак“ – „Плачковица“

„Карбинци“ – „Беласица“

„Овче Поле“ – „Академија Пандев“

„Работник“ – „Напредок Здравје“.

Во Недела во рамките на второто коло од плејофот во Првата Фудбалска Лига на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 16:00 часот е закажан натпреварот „Брегалница“ – „Шкупи“

Главен судија ќе биде Петар Мантев (Неготино) а ќе му помагаат Горан Димитров (Кавадарци) и Илија Гонев (Неготино).

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари