Во делот од активностите по повод одбележувањето на „Светскиот ден на планетата Земја“ масовно се вклучи и Компанијата за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ со своите партнери „Екопроект“ и НВО „Еко тим Исток“ сите од Кочани.

Сите беа вклучени во хортикултурното уредување на дворовите во училиштата во Општините Кочани, Чешиново-Облешево и Виница.

„Претставниците од Компанијата „Еко-Пак Хит“ го посетија ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани каде заедно со учениците од училиштето бојадисуваа стари автомобилски гуми и буриња во кои подоцна се засадија декоративни цвеќиња.

DSCN8489

Компанијата „Еко-Пак Хит“ освен декоративните цвеќиња на училиштата им ги донираше и четките и боите за бојадисување на старите автомобилски гуми и буриња, како и заштитните ракавици.

Како последица на глобалното затоплување и зголемувањето на „Озонската дупка“ и климатските промени „Светскиот ден на планетата Земја“ за прв пат е одбележан 1970 година во САД, а од 1992 година се одбележува во целиот свет. Годинава тој се одбележа во повеќе од 175 држави.

Целта за одбележувањето на „Светскиот ден на планетата Земја“ е да се подигне нивото на совеста кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да се укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергетски ресурси и слично.

С. Ивановски

DSCN8464

DSCN8468

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари