Поради натпреварот од Првата Фудбалска Лига „Брегалница“ – „Шкупи“, ден порано на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се одигра натпреварот од Третата Фудбалска Лига „Осогово“ – „Каменица Саса“.

Иако временските услови посебно дождот кој во второто полувреме врнеше не ги спречи играчите од двата клуба да прикажат фер и коректен фудбал. „жетварите“ денес беа подобар противник од „рударите, повеќе ја посакуваа победата, повеќе се бореа за секоја топка а како резултат на таквата игра беа и четирите погодоци во мрежата на Б. Атанасовски.

Првата шанса ја имаа гостите во 8’ но центрираната топка од Милошевски немаше кој да ја зафати. Кочанчани преку Аксентиев можеа да го отворат резултатот во 13’ но неговиот удар од десната страна заврши над голот на гостите.

2

Се играше 18’ кога домаќините поведоа. Топката беше упатена на десната страна од теренот, гостите подзастанаа очекувајќи недозволена позиција, но знаменцето на вториот помошник остана долу, следуваше школски центар шут кој ги прелета сите, дојде до осамениот Аксентиев кој од само два метри ја спроведе топката во празната мрежа. Веќе во 30’ домаќините го зголемија водството. Повторно следуваше центар шут од десната страна на топката натрча Манов и со глава ја упати во небранетиот дел на мрежата на немоќниот Б. Атанасовски.

Гостите во 32’ имаа на двапати можност да го намалат водството на „жолто-сините“ но ударите на Милошевски од шест метри и на Додевски од десет метри денес одличниот Андонов им го скрати тоа задоволство.

3

Силниот дожд што заврна на полувремето ни малку не влијаеше на борбената игра на двете екипи. Во 53’ по центаршутот од левата страна Паунов на гради убаво ја скроти топката но неговиот силен удар од дванаесетина метри заврши над пречката на каменичани. Се играше 58’ кога ветеранот Натков од слободен удар од преку дваесет метри ја закова топката во левиот горен агол, а конечниот резултат го постави Максимов на пет минути пред крајот на средбата.

Се на се интересен натпревар кој домаќините заслужено го добија.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари