Претставници од општините Кочани, Чешиново-Облешево, Битола, Крушево, Пробиштип и Штип, денес го посетија споменикот на великанот, Претседателот на Крушевската Република Никола Карев во непосредна близина на село Тркање со што му оддадоа почит и ја одбележаа 111 годишнината од неговата смрт.

Освен Градоначалниците на Кочани и Чешиново-Облешево, Ратко Димитровски и Костадин Личков, почит му оддадоа и пратениците од Штип и Кочани, Иван Иванов и Никола Мицевски, вработени од локалните самоуправи на Кочани и Чешиново-Облешево,  како и многубројните гости од Крушево меѓу кои беа и внукот и пра пра внуката на Карев и членовите на Македонското патриотско здружение „Тодор Александров“ од Битола.

Потоа сите се упатија кон местото Свиланово каде на 27.04.1905 година беше сочекан во заседа и убиен од турскиот аскер Претседателот на Крушевската Република Никола Карев.

С. Ивановски

DSCN8682

DSCN8675

DSCN8649

DSCN8653

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари