Пингпонгарите на „Кочани“ во единствениот натпревар од 12-тото коло од Првата Пингпонгарска Лига како домаќини го совладаа најголемиот конкурент за висок пласман „Студент“ со 5:1 и се „зацементираа“ на 4-тото место на табелата.
Сега кочанчани имаат 14 бодови, односно четири повеќе од „Студент“ а до крајот на првенството остануваат да се доиграат уште две кола.
По експресното враќање на ППК „Кочани“ од втората во првата лига пласманот на четвртата позиција е резултат за почитување.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.