По три победи за домашните и гостинските екипи е билансот по одиграното 18-то коло во Третата Фудбалска Лига – Исток.

Фаворитите прокнижија по три бода што не донесе некои поголеми поместувања на табелата.

„Осогово“ без поголеми проблеми ги совладаа „рударите“ од Македонска Каменица и сега се на седум бода предност што би требало да биде цврста гаранција за зачувување на третолигашкиот статус.

Комплетни резултати од 18-тото коло:

„Осогово“ – „Каменица Саса“  4:0

„Слога 1934“ – „Баби“  4:1фк ос

„Брегалница Голак“ – „Плачковица“  0:1

„Карбинци“ – „Беласица“  0:2

„Овче Поле“ – „Академија Пандев“  0:4

„Работник“ – „Напредок Здравје“  2:1

На табелата води екипата на „Академија Пандев“ со 50 бода, пред „Плачковица“ со 46, „Беласица“ 35, „Работник“ 28, „Овче Поле“ 26, „Брегалница Голак“ 25, „Напредок Здравје“ 24, „Осогово“ 20, „Баби“ 19, „Слога 1934“ 16, „Каменица Саса“ 13 и „Карбинци“ 3 бода.

Во следното 19-то коло кое поради Велигденските и Мајските празници се игра во Сабота „Осогово“ и гостува на „Беласица“, а во Македонска Каменица се игра натпреварот за опстанок во лигата „Каменица Саса“ – „Слога 1934“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари