Со свечената Академија во вторникот навечер започна годинешната прослава на Патрониот празник на ОУ „Никола Карев“ од Кочани.

Активностите продолжија денес кога делегации од училиштето „Никола Карев“, од Сојузот на борците на НОВ – Кочани и од Локалната Самоуправа – Кочани го посетија споменикот на Претседателот на Крушевската република во „Паркот на Револуцијата“ каде положија букети свежо цвеќе.

На денешната прослава беше забележано и присуството на претставници на Основното Училиште од село Форино (Општина Гостивар) со кое ОУ „Никола Карев“ во 2014 година потпиша договор со посредство на УСАУД за меѓуетничка интеграција во полето на образованието.

Учениците од двете училишта одиграа и неколку спортски натпревари, а имаа и заедничка ликовна презентација.

С. Ивановски

2

3

4

5

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари