НА 15. СЕПТЕМВРИ ВО МУЛТИКУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР – КОНЦЕРТ НА ИВАНА МАЗНЕЈКОВА

септември 14, 2022
0 минути

В четврток, на 15 септември, со почеток во 19 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, под наслов „200 години Цезар Франк“, концерт на пијано ќе одржи Ивана Мазнејкова.

Мазнејкова е ученичка во четврта година во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. Славчо Величков.

Активен учесник е на мастеркласови на професори и познати пијанисти од Русија, Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Бугарија…

Ивана Мазнејкова е редовен учесник на европски натпревари на млади пијанисти и досега има освоено 42 први и специјални награди ширум Европа.