Во организација на „Сојузот на училиштен спорт“ – Кочани, а под покровителство на Општина Кочани, денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се одржа годинешниот шести по ред „Пролетен крос“

На годинешниот „Пролетен крос“ кој се одржа по сончево и топло време зедоа учество учениците од основните и средните училишта во општината, а имаше трка и на пензионерите.

Се трчаше на 60, 90, 350, 400 и 600 метри во зависност од возраста и полот на учениците.

DSCN9042

Најмасовни на кросот беа најмалите категории, а како категориите растеа, така и бројот се намалуваше за да оние од четврта година од средните училишта се појават вкупно тројца меѓу кои и една девојка.

Иако сите денес што трчаа се победници, сепак имаше и најдобри меѓу добрите. Првопласираните тројца добија Дипломи и маици со логото на Општина Кочани а истите им ги врачија Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, Владо Андов Координатор на женскиот фудбал при ФФМ и Зоран Андонов Претседател на „Сојузот на училиштен спорт“ – Кочани.

DSCN9120

Лошата физичка подготвеност на учениците, и временските услови беа причина повеќемина ученици да побараат итна помош од дежурната лекарска екипа а некои поради повреди завршија и во Медицински Центар – Кочани.

С. Ивановски

DSCN9053

DSCN9077

DSCN9142

DSCN9207

DSCN9211

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари