Со голот на Борче Максимов во 55’ „Осогово“ ја совлада „Беласица“ во Струмица во натпревар од редовното 19-то коло од Третата Фудбалска Лига – Исток.

Според информациите кои ги добивме од Струмица и двете екипи одиграле отворен натпревар без многу тактизирање и со повеќе поволни шанси за гол на обете страни.

По неколкуте пропуштени прилики за гол во 55’ Максимов со удар од осумнаесетина метри го матирал домашниот голман со што на „жетварите“ им донесе три мошне значајни бода за мирен сон до крајот на првенството.

Домаќините во финишот на натпреварот го опседнувале голот на „жетварите“ но благодарение на бравурозните интервенции на Лазаров, кочанчани со три бода во џебот се вратија од ова тешко гостување.

С. Ивановски

13102609_1073360192730547_7736808858888719894_n

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари