Василија Христиќ, Драгана Георгиевска, Ѓорги Петров, Кристијан Грозданов и Давид Пецов се петмината каратисти членови на Карате Клубот „Партизан“ од Кочани кои од минатата седмица се носители на „Црн појас“.

Полагањето беше под надзор на Стојан Андриевски – Карате мајстор 6-ти Дан и воедно тренер на Карате Клуб “Фунакоши Гичин“.

Новите носители на црниот појас се иднината на каратето во Кочани. Тие во изминатиот период освоија медали на голем број домашни и меѓународни турнири, а Ѓорги Петров е освојувач на златниот медал од „Балканското првенство за деца од 11 – 14 години“ кое минатата година се одржа во Херцег Нови (Република Црна Гора).

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари