Ученикот Христијан Павлов од VI-1 одделение при ОУ „Малина Попиванова“ од Кочани под менторство на наставникот Славица Атанасова го освои првото место на „Републичкиот натпревар“ по наставните предмети Биологија и Природни науки.

На истото натпреварување ученичките Благица Стојанова и Антониа Митрова и двете од VI-1 одделение од истото училиште според освоените поени добија Пофалници.

„Републичкиот натпревар“ се одржа минатиот викенд на „Природно Математичкиот Факултет“ во Скопје.

Од училиштето изразуваат голема благодарност до учениците и до нивниот ментор за постигнатите резултати со кои ОУ „Малина Попиванова“ ја претставија во вистинско светло.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари