Во Петок и Сабота, (на 06 и 07 Мај), во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“, во Оризари ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“.

2

Фестивалот ќе започне в Петок во 18:00 ч. со дефиле на учесниците, фолклорните ансамбли: „Јане Сандански“ од Пехчево, „Кавалџии“ од с. Штука, Босилево, „Бучим“ од Радовиш, „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, ФА „Кочани“, ФА „Руен“-Кочани, ФА „Бели Мугри“- Кочани, „Медвеѓа“ од Трстеник (Р. Србија) и „Младост“ од Босилеград (Р. Србија).

5

Презентацијата на традиционалните ѓурѓовденски обичаи, биењето млеко, подготовката на масло, ѓурѓовденскиот зелник е в сабота во 16.30 ч. во Домот на културата во Оризари, а традиционалните ѓурѓовденски игри ќе се прикажат на кејот на реката Масалница.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија, Општина Кочани и од бизнис-секторот од Кочани и од Оризари.

3

4

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари