Врз основа на поднесениот Елаборат од страна на Здружението на граѓани „Движење за одржлив развој на Кочани“ за валоризација на природната реткост, „Платанови стебла“ (Platanus orientallis) во село Мородвис – Општина Зрновци и поднесената соодветна документација за ре-прогласување на природната реткост „Платанови стебла“ (Platanus orientallis) до „Министерството за животна средина и просторно планирање“ на Република Македонија на ден 05.04.2016 година од страна на „Министерството за животна средина и просторно планирање“ на Република Македонија е донесено Решение за прогласување на „Платанови стебла“ (Platanus orientallis) – Мородвис за природна реткост и истото е објавено во Службен весник број 65 од 05.04.2016 година.

2

Плтановите стебла во Мородвис се препознаени и идентификувани како природна реткост уште во далечната 1984 година. Во согласност со тогашниот „Закон за заштита на природните реткости“, групата платанови стебла (Platanus orientalis) кои се наоѓаат во центарот на село Мородвис, се прогласени за споменик на природа. Одлуката која е донесена од тогашното Собрание на општина Кочани и за ова прогласување известен е тогашниот Републичкиот „Завод за заштита на природните реткости“.

Со сегашното ре-прогласување платановите стебла во село Мородвис се првите стебла ре-прогласени како природна реткост во Република Македонија согласно Законот за заштита на природата, каде е даден правен основ, одделни делови на природата да бидат прогласени како природна реткост.

С. Ивановски

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари