Денес од граѓанин на Кочани што живее на улицата „Ѓорѓи Пулески“ ни беа испратени неколку фотографии со  молба да го објавиме не само неговиот проблем, туку и проблемите со кои во последно време се соочуваат дел од жителите на оваа улица.

Имено пред извесен период на нивната улица имало ископ за инсталирање на канализациона мрежа. Машините кои работеле во тој период ја оштетиле оградата на мостот што мине над каналот која со доста молби и напори била направена пред неколку години.

3

По завршување на работите,машините си заминале а зад нив оставиле големи оштетувања на оградата која сега едноставно виси над каналот и претставува голема опасност за минувачите а особено за децата.

Тој од името на жителите апелира до надлежните во Општината да што поскоро го решат нивниот сега веќе направен проблем, за да не се случи некоја несакана несреќа, која тешко дека некој ќе може да ја надомести.

С. Ивановски

2

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари