Денес Кочани беше еден од градовите во република македонија каде се одржа протест и контра протест.

Протестот започна од веќе утврденото место, од „Паркот на Револуцијата“, а контра протестот од паркиралиштето пред Локалната самоуправа.

Протестантите со познатите извици „Нема правда, нема мир“, „Слобода, слобода“ и „Мафија на робија“ се движеа по улицата „Маршал Тито“, а контра протестантите по улицата „Кеј на револуцијата“.

И двете групи само на спротивни страни од „Кочанска река“ „се сретнаа“ кај мостот кај „Триаголникот“. Имаше дофрлања и од едната и од другата страна но сепак се на тоа заврши.

Полицијата ги обезбедуваше и двете групи па и протестот и контра протестот поминаа онака како што приличи на сограѓани.

С. Ивановски

DSCN9315

DSCN9260

DSCN9316

DSCN9290

DSCN9329

DSCN9282

DSCN9334

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари