Денес околу 09:30 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествуваа две Патнички моторни возила, „Југо“ и „Форд Фокус“.

Сообраќајката се случила на улицата „Тодосија Паунов“ кај приклучокот со улицата „Крсте Мисирков“, во непосредна близина на ОУ „Малина Попиванова“.

Според очевидци до несреќата дошло кога ПМБ „Југо“ се движело кон градот и налетало на „Фокусот“ кој според кажувањата излегол од улицата „Крсте Мисирков“.

Направена е материјална штета кај двете возила.

Во очекување сме на подетален извештај од полицијата.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари