СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ИМОТИТЕ ПОРАЧУВААТ: ОРГАНИЗАТОРОТ НА ТРКИТЕ ДА СИ ГО СОБИРА ЃУБРЕТО

септември 18, 2022
1 минути

Сопствениците на викенд куќичките, на лозјата и на другото земјиште на патот кон Пониква со апел до организаторите на ридско-брзинските трки кои по неколку пати годишно се одржуваат на патниот правец Кочани-Пониква.

„Ги замолуваме организаторите на трките Автомобилистичката федерација на Македонија, Здружението на возачите од Кочани и Општина Кочани по завршувањето на трките да си го соберат ѓубрето бидејќи ние ниту имаме желба тоа да го направиме ниту тоа е нашата должност. После секоја трка остануваат расфрлани кеси со ѓубре пред нашите имоти и некоректно е тоа да стои со денови. Немаме ништо против што по два дена ни се ограничува движењето до нашите имоти но навистина е некоректно и крајно безобразно ние да изигруваме и комуналци“ стои во писмото што ни беше испратено.

Малку е симптоматично што откако се постави новиот асфалтен слој на патот Кочани – Пониква зачестија по неколкупати годишно ридско-брзинските трки. Се зборува дека патеката била идеална, па како години наназад патеката кон Водно во Скопје беше идеална а сега не е. Дали некој намерно целата организација ја префрли овде се со цел некој да профитира за сметка на овдешните угостители и сопственици на имотите.

С. Ивановски