Ниту викендот не ги спречи протестантите и контра протестантите да излезат денес на улиците во Кочани.

Како и минатиот пат тие и вечерва се разминаа на истата дестинација бидејќи како што не информираа и двете групи од своите почетни позиции тргнале во исто време. И овој пат освен спорадични дофрлувања од поединци двете групи се разминаа мирно како што приличи на сограѓани.

За разлика од минатиот пат вечерва протестантите со нова кореографија, со надувани бои во различни бои ја симболизираа „Шарената Револуција“ а низ градот се носеа и заплени факели.

3

Откако контра протестантите ја поминаа улицата „Кеј на Револуцијата“ мирно си заминаа, за разлика од протестантите кои преку улиците „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“ направија едно кружно движење за да застанат кај големиот паркинг на Градскиот Трговски Центар.

Освен Венко Крстевски, вечерва на протестантите им се обрати и Славица Ковачевска. Таа потенцираше дека е една од многуме млади луѓе со диплома во раце, добиена на најголемиот Универзитет во Македонија, школувана со средства на нејзините родители, поради немањето партиска книшка морала својата егзистенција да ја Побара надвор од државата. Ковачевска меѓу другото подвлече дека, партијата на Власт иако се обидува да ја узурпира целата држава, тие, младите и народот нема да и го дозволат тоа, бидејќи Македонија е и нивна држава.

5

Говорот на Ковачевска беше поздравен со овации од присутните на протестот.

На крајот протестантите и го честитаа празникот на Полицијата, а на дежурните полицајци кои го обезбедуваа протестот им подарија по една роза.

С. Ивановски

2

4

6

7

8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари