Во рамките на 16-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени, денес на стадионот “Никола Мантов“ во Кочани на програмата беше натпреварот „Кочани“ – „Драгон“.

Ако во минатата година и во есенскиот дел од првенството овие натпревари важеа за дерби на колото па дури и на првенството, денес ваквиот епитет изостана, од причина што на теренот играше само еден тим, стариот и новиот шампион во оваа конкуренција „Драгон“ од Скопје кој на крајот повеќе од заслужено славеше со 8:1 (2:0).

Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски за време на целиот натпревар повеќе се мачеа на теренот отколку што играа фудбал. Со таков пристап на играта му се спротивставуваа на противникот до 34’ а кога го примија првиот гол „колата појде надолу“, се чини дека одлично подготвениот гостински состав и физички и технички кога ќе посакаше, тогаш ќе ја затресеше мрежата на немоќната Костова.

2

Стрелец на единствениот погодок за домаќините е дело на Милеска во 55’, а додека мрежата на Костова ја затресоа: Димоска 34’59’, Битевиќ 38’65’, Андреевска 51’58’73’ и Тодоровска во 71’.

По денешниот пораз екипата на „Драгон“ останува „ноќна мора“ за ЖФК „Кочани“ бидејќи во четирите првенствени и два куп натпревари кочанчанки само еднаш победија додека пет пати со наведнати глави го завршуваа дуелот.

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари